Граничниот премин Ники – Меџитлија беше отворен ноќеска во еден часот по полноќ, по пауза од повеќе од една година, а од 22 јули годинава, пак, беше затворен за секаков вид сообраќај.
ММС беше во посета на овој граничен премин, а она што го забележа нашиот фоторепортер, е празен премин, со слаб проток на возила, како да не работи.
-Денеска, иако е отворен, има слаб проток на возила. Денес до 15 часот на овој граничен премин само 95 излегле од државава, а 55 поминале на влез, ни рекоа од граничните служби.

Од граничниот премин „Меџитлија“ велат и дека тоа е така затоа што граѓаните сеуште се подготвуваат за патување.
Преминот ќе работи 24 часа исто како другите.
(М.Б.)