На маргините на Преспанскиот форум за дијалог што се одржува во Охрид, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Косово и Србија.
Дијалогот меѓу Косово и Србија беше дел од разговорот на средбата меѓу Ахмети и Лајчак, каде двајцата соговорници оценија дека, двете земји треба да најдат решение, што ќе служи позитивно за целиот регион и ќе стави крај на студените односи меѓу Приштина и Белград
Моделот, како Охридскиот Рамковен Договор и Договорот од Преспа, секогаш може да бидат плодни и страните вклучени во овој дијалог мора да го сфатат ова многу сериозно, со цел да се даде конечен епилог на целиот процес.
За време на состанокот, Ахмети и Лајчак разговара и за спорот со Бугарија, како пречка за нашата земја на патот кон Европската Унија и предизвик што мора да се надмине, за граѓаните да не останат заложници на националистичките политики што можат да ги отворат одредени партии во соседните земји.
Во оваа прилика, Ахмети побара помош од Европската Унија и САД како важен фактор и пријатели на земјата и регионот, да влијаат врз одлуките со цел да не се блокираат аспирациите на Република Северна Македонија кон патот на интеграцијата.
Реформите, кои се услов за отворање на преговорите со Европската Унија, како и други важни прашања во земјата беа исто така теми на разговор меѓу Ахмети и Лајчак.