Во кората на овошјето и зеленчукот можете да најдете хранливи материи кои се одлични за нашето тело.
Тие кори често се извор на хранливи материи што му се потребни на нашето тело и кои на крај завршуваат во кантата за ѓубре.
Наместо лупење, подобро е добро да го измиете на овошјето и зеленчукот со топла вода за да му дадете на организмот се што е потребно.
Компир
Во кората од компир се кријат до 20 проценти од вкупните витамини како што е витамин Б. Може да го исечете на половина и печете во рерна.
Модар домат
Кората од модар домат е богата со фитонутриенти, насунин, кој спречува оштетување на клетките што може да биде резултат на стареење или болест. Можете да го наполните со мешавина од зеленчук и да се пече во рерна.
Сладок Компир (Батат)
Повеќето хранливи материи се кријат во лушпата на сладкиот компир. Содржи витамин Ц, калиум и бета-каротен, состојки неопходни за посилен имунитет, добар вид и здрави мукозни мембрани на грлото и носот. Слично на доматот, можете да го исечете слаткиот компир на половина и да ги полните со зеленчук.
Краставици
Кората од краставица е богата со антиоксиданти и влакна кои го зајакнуваат имунитетот, спречуваат запек и поволно влијаат на здравјето на дигестивниот систем.
Морков
Морковот треба добро да се измие и може да се јаде, велат нутриционистите. Неговата кора содржи антиоксиданти и витамин А кои го зачувуваат видот, здравјето на косата и ноктите, а студиите потврдија дека го намалуваат ризикот од рак.
Јаболка
Кората на јаболкото содржи кверцетин, витамин Ц и тритерпеноиди, кои имаат антиканцерогено дејство. Студиите потврдија дека консумирањето јаболка со лушпа ги ублажува проблемите со дишењето, го продолжува чувството на ситост и ја штити меморијата.
Извор: Република.рс