На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови, информираат од Министерство за здравство.
-Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Министерот за здравство д-р Венко Филипче упатува неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари. Дека можеме да веруваме во чуда и некој да добие втора шанса за живот. Благодарност и до сите лекарски тимови кои се вклучени во оваа трансплантација. На пациентите им посакакуваме брзо закрепнување по операциите, велат од МЗ.
Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.