Врховниот суд на Сојузната држава Пенсилванија денеска донесе одлука за укинување на пресудата за американскиот комичар и ѕвезда Бил Козби, кој беше осуден пред три години за напад и сексуално вознемирување на повеќегодишна затворска казна.
Одлуката на судот за ослободување на 83-годишниот актер следеше откако беше постигнат договор со претходниот обвинител, што го спречи да биде гонет.
Козби помина две години во затвор, а доколку не беше ослободен, требаше да помине од три до 10 години во затвор.
За потсетување, во септември 2018 година, судот одлучи дека Козби е виновен за сексуален напад врз Андреа Констрад во 2004 година. За слични дела популарниот комичар го обвинија дури 60 жени. Судијата Стивен О’Нил го означи Козби како „многу опасен сексуален предатор“ по изрекувањето на пресудата, а тој исто така беше заведен во регистарот на сексуални престапници.
Извор: Курир.рс