„Како вози коњ“ и секој збор е отповеќе доколку сака да се опише видеото направено низ струмичките улици, каде во улога на возач е коњ, кој прави сообраќаен прекршок. И не е сцена од филм, туку секојдневна сообраќајна градска слика.
Министерството за внатрешни работи секојдневно информира колку казни се изречени за несовесните во сообраќајот. Сопственикот на коњот и тоа како заслужува казна, не само за непрописното свртување, туку како воопшто се вклучил во сообраќајот, а притоа никој од надлежните не забележал што се случува во центарот на градот.
Не е само Струмица место каде запрежни возила се вклучени во сообраќај. Ваква глетка е честа и низ Скопје.