Братот на Лепа Брена се појави на забавата од 30 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/21 9:21 PM

Братот на Лепа Брена се појави на забавата од 30 милиони евра

Само неколку дена после финалето на натпреварот Ѕвездите на Гранд, Лепа Брена и Саша Поповиќ направија голема прослава по повод крајот на сезоната, но и продажбата на продукцијата, за наводни 30 милиони евра.

Голем број колеги присуствуваа на гала свеченоста, а меѓу гостите беше и братот на Брена, Фарук Јахиќ.

Пејачката ја споделуваше атмосферата со своите обожаватели цела вечер, а потоа ги изненади со фотографија со нејзиниот брат.

„Мојот брат Фарук“, напиша таа.

Братот на Брена е еден од учесниците на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ и активно се занимава со музика со децении. Свири хармоника, но за време на натпреварувањето во споменатото шоу ги докажа и своите вокални способности, па во една прилика, Брена излезе на сцената и пееше со него.

Брена во една прилика зборувала за своето детство и истакнала дека нејзиниот брат и сестра запловеле во музичките води пред неа.

Извор: Мондо.рс