Полицаец земал мито за пополнување пријава за престој на странски државјанин – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/21 2:25 PM

Полицаец земал мито за пополнување пријава за престој на странски државјанин

Кочанчанец заработил кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување. Против него вчера ОВР Кочани поднесе кривична пријава.

-Против П.Ј., полициски службеник во ПС Кочани поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ. Имено, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на РСМ побарал и земал паричен надомест од пријавителот-странски државјанин. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка, информираат од МВР.