(ФОТО) Колку ќе ве чини задоволството на море во Албанија? – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/21 10:30 AM

(ФОТО) Колку ќе ве чини задоволството на море во Албанија?

По долгата пандемиска голгота по која со нетрпение очекувавме да се олабават мерките и да се фрлиме на планирање на одморот, конечно дојде и тој момент кога со малку олабавени мерки можеме да здивнме и без маски на плажа да уживаме во убавото летно време.

Ова е период од годината во кој и покрај пандемијата штом згазнеме на песок и се изладиме во солена вода, како за момент да збораваме што се преживеавме изминатата година. Одлична терапија за мозокот и психата е плажа и вода.

Покрај Грција како дестинација омилена на Македонците изминатите некоку години е и морското крајбрежје на Албанија. Неколку дестинации на ова крајбрежје им се омилени на нашите граѓани како Ксамил, Саранда, Дерми, Химаре, Валона.

Колку би ве чинело задоволството на море во Албанија? – Проверете дали овие цени ќе ви одговараат на вашиот планиран буџет за летен одмор.

Ксамил и Саранда, се местата кои најчесто се посетени од наши граѓани. Ове две места се сосема спротивни места. Саранда е одлично место,  град на самиот брег на Јонското море. Ксамил изгледа како непланирана населба, со големина на село, кое има неколку прекрасни плажи, повеќе ресторани, сместување и ништо повеќе.

Саранда е место кое има огромно шеталиште кое е посебна атракција во вечерните заладени часови, во негова близина се наоѓаат ресторани, кафулиња и продавници. Во Ксамил е поинаку, таму недостасува избор на ресторани и кафулиња.

Во однос на плажите Касамил е погоден бидејќи таму за да дојдете до плажа нема да ви биде потребен автомобил, тоа може да биде и пеш.

Доколку ова лето Албанија е вашата дестинација за летување, тогаш земете бележник и запишете што, колку чини за да знаете колку од вашиот буџет ќе биде наменет за вашата летна авантура.

Бидејќи сите плажи во Ксамил и Саранда се опремени со лежалки и чадор, пешкирот и сопствениот чадор заборавете го, освен на градската плажа во Саранда каде може да ги употребите. Околу 500 денари или нивни 1000 леки ќе ви чини лежалка во Ксамил и Саранда.

Што се однесува до цените во овие приморски градчиња, цените се исти како и минатото лето.

Доколку сакате да пиете кафе на плажа истото ќе ве чини 100 денари (200 леки), разладувањето со пиво ќе ве чини од 75 до 150 денари (150 до 300 леки), може да уживате и во коктелите кои чинат од 200 до 300 денари (400 до 600 леки).

Од храна може да си дозволите и морска храна која е достапна за секој џеб. Ако се одлучите за гиро истото ќе ве чини 100 денари (200 леки), пицата е 300 денари (600 леки). Оброк со морска храна изгледа вака, морска риба – орада чини 300 денари (600 леки).

Сместувачките капацитети во Ксамил и Саранда може да ги најдете преку Booking, но поевтино може да се сместите доколку заминете и побарате сместување во сопствена режија. Цените во јуни и септември се пониски и чинат од 20 до 50 евра за апартман од ден, додека во сезона цените се повисоки.

За која било дестинација во Албанија да се одлучите нема да погрешите. Ќе уживате во песочните плажи, проѕирното тиркизно море и зајдисонци за романтичен крај на вечерта.

Г.Д