САД ја претстави моќната 12-ка за Олимпијадата во Токио – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 10:32 PM

САД ја претстави моќната 12-ка за Олимпијадата во Токио

Искусен тим со по некој исклучок во името на Џејсон Тејтум и Девин Букер, ќе тргне во поход по златото од Олимписките игри во Токио годинава.

Американската кошаркарска федерација го претстави тимот со кој ќе настапи под олимпиското знаме во Јапонија, а се состои од 12 кошаркари од НБА лигата. Џру Холидеј, Кевин Лав, Кевин Дурант, Демиан Лилард, Дрејмонд Грин, Бредли Бил, Бем Адебајо, Девин Букер, Џерами Грант, Зек Левин, Крис Мидлтон и Џејсон Тејтум, се најдоа на списокот на селекторот Крег Поповиќ.

-Многу сум среќен со избраните кошаркари и одвај чекам да работам со оваа прекрасна група кога ќе започне тренинг-кампот на шести јули во Лас Вегас. Возбуден сум што ќе ги претставувам САД и нашата цел е да освоиме златна медалја во Токио, изјави Поповиќ.

Највозрасниот играч во екипата на тренерот на Сан Антонио Спарс е Кевин Лав, а најмладиот е 22-годишниот Џејсон Татум од Бостон Селтикс. Оваа екипа на САД е една од трите најстари во нивната историја која ќе настапи на Олимпијадата.

 

 

 

Фото:

Twitter / @ForbesSport