На денешната трибина „Вакцинација и предизвици со ковид-19″ на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче, беше запрашан дали ќе бидат дозволени свадби на затворен простор.
Министерот Филипче истакна дека имало голем притисок од луѓето кои сакаат да организираат свадбени прослави.
-Мислењето е поделено кај епидемиолозите. Денес и утре ќе се разгледуваат барањата, дел од епидемиолозите сметаат дека треба и може да има со запазување на протоколот, друг дел не, и летово се треба да биде на отворено, рече Филипче.