Несоодветната контрола над концесионерите е причина за нерационалното искористување на минералните суровите, нотира ревизискиот извештај – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 2:45 PM

Несоодветната контрола над концесионерите е причина за нерационалното искористување на минералните суровите, нотира ревизискиот извештај

Несоодветната контрола над концесионерите е причина за нерационалното искористување на минералните суровите и помалку оставрени буџетски приходи, се заклучува во конечниот извештајот на Државниот завод за ревизија, од извршената ревизија на успешност.

„Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни да обезбедат ефективно управување со минералните суровини, во однос на нивната оптимална искористеност и ефикасна наплата на концесиските надоместоци, согласно начелата на одржлив развој“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Ревизијата на успешноста е направена на тема „Ефективност на мерките и активностите за искористување на минералните суровини и наплата на надоместоци“ со цел да де даде одговор на прашањето: Дали со мерките и активностите се обезбедува ефективност за искористување на минералните суровини и наплата на надоместоци согласно начелата на одржлив развој.

Она што се заклучува во конечниот ревизорски извештајот е дека има недостаток на долгорочно стратешко планирање, чести измени и дополнувања на законските одредби, отстуство на подзаконски акти, недоволната институционална соработка и нецелосно воспоставен катастар на наоѓалиштата и појави на минералните суровини кои обезбедуваат стабилна основа за водење на ефективна политика на управување со минералните суровини во РСМ.

Посебно се потенцира во извештајот е неиполнувањето на законските одредби од страна на концесионерите, непрецизните рокови и ненавременото склучување на договорите, при што сето ова има импликации врз економскиот интерес на субјектите.

„Концесионерите не се задолжени да доставуваат пресметки за продадените количини на минерални суровини, ниту се регулирани прашањата за надоместоците во однос на екплоатираните количини кои се користат за сопствени потреби и доколу на ист концесиски простор се искористува повеќе од една минерална суровина“, стои во ревизорскиот извештај, од каде сметаат дека ваквата системска поставеност за наплата и евиденција на концесиските надоместоци не дава можост за проверка на пресметките, што претставува ограничување во извршувањето надзор и контрола на целосната и веродостојноста на приходите од концесиските надоместоци.

Како што се нотира во извештајот и како што покажува резултат на наведените слабости, за периодот од 2016 до 2020 година констатирани се помалку наплатени концесиски надоместоци во износ од 33 милиони денари од кои: 14 милиони денари по основ на простор и 19 милиони денари по основ на експлоатирана минерална суровина.

„За истиот период, ненавремено со задоцнување наплатени се вкупно 695 милиони денари (83 милиони денари по основ на простор и 612 милиони денари по основ на експлоатација на минерална суровина), за што не е пресметана законската затезна камата“, стои во ревизорскиот извештај.

Нотирано е дека од четири концесионери кои биле предмет на проверка, тројца вршеле ископ на минерална суровина надвор од дозволата за експлоатација, што ја поседуваат, на вкупен простор од 25.546 м2.

„Дел од концесионерите за металички минерални суровини не го прикажуваат и плаќаат надоместокот за количеството на сребро метал и во оловниот и цинковниот концентрат. Кај еден концесионер забележано е мало флотациско искористување на цинк метал, а голем процент на истекување во хидројаловиштето“, информриаат во извештајот од Државниот завод за ревизија.

Ревзијата смета потребно е да се исткне дека, по извршената проверка и укажувања од страна на ревизијата до концесионерите, дополнително се уплатени 10 милиони денари.

Во однос на инспекциските надори, ревизијата оценува дека истите се прават без претходно дефинирани критериуми за избор на субјект, и не обезбедуваат ефективен контролен механизам поради како што наведуваат нецелосно реалзиирање на планиранте редовни инспекциски надзори, делумно извршени контролни надзори по издадените решенија за отстрануавње на неправилности, отсуство на независна акредитирана лабораторија, недостаток на финансиски средства и опрема.

Со цел надминување на утврдените состојби ревизијата даде препораки за подобрување на состојбите во делот на: правната и институционалната поставеност на системот на управување со минералните суровини, функционалноста и ефективноста на постапките за доделување/одземање на концесиите за минералните усровини, наплатата на концесиските надоместоци и воспоставениот механизам за надзор и контрола над работењето на концесионерите, а со цел оптимално искористување на минералните суровини согласно начелата на одржлив развој, сметаат од во концечниот извештај на Државниот завод за ревизија.