Олимпијада со шепотење под маска – На Игрите во Токио ќе присуствуваат 10.000 гледачи кои не смеат да бидат гласни – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 2:08 PM

Олимпијада со шепотење под маска – На Игрите во Токио ќе присуствуваат 10.000 гледачи кои не смеат да бидат гласни

Организаторот на Летните олимписки игри во Токио ќе дозволи 10.000 гледачи од Јапонија да присуствуваат на настаните во текот на двете недели додека трае собирот на најдобрите, пренесе Би-Би-Си.

Иако присуството на гледачи од странство е забрането, организаторот рекол дека домашните гледачи ќе можат да присуствуваат на олимписките настани, но не повеќе од 50 посто од капацитетот на седиштата.

Би-Би-Си објави дека според протоколот на трибините ќе биде забрането викање и гласно зборување, односно гледачите цело време ќе мора да носат маски на лицето.

Извор: bbc.co.uk/sport