Високите температури претставуваат ризик фактор за зголемена раздразливост, намалено внимание и општопроменета свесна состојба – предупредува докторката Даниела Јевтиќ. Во изјава за српскиот јавен сервис таа алармира дека алкохолот и топлото време не се добри сојузници.
„Сето она на што предупредуваме, луѓето треба да го имаат меморирано во главата – дека при високи температури се зголемува ризикот за намаленото внимание, губење на течности од организмот и слично. Сето ова води кон компликации“, додава д-р Јевтиќ.
Извор: rts.rs