Сите сакаме учебна година со физичко присуство, но подготвени се три сценарија, истакна Царовска – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 10:54 AM

Сите сакаме учебна година со физичко присуство, но подготвени се три сценарија, истакна Царовска

Министерката за образование и наука денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

На новинарско прашање како ќе започна учебната година од септември, дали сите деца ќе се вратат во училишните клупи и според кои протоколи и што ако има нов бран на зараза наесен, министерката истакна дека се подготвени три можни сценарија.

-Учебната година заврши успешно и покрај краткиот период за припрема, и онлајн учењето и тоа го покажа и истражувањето кое го спроведе УНИЦЕФ, дека сите ученици следеа распоред и дека успешно ја завршија учебната година. За наредната учебна година2021/22 година денеска Министерството за образование и наука имаше материјал на кој се дискутираше на главниот координативен штаб, се дискутираше и за протоколите. Сите во Владата, сакаме учебната година да започне со физичко присуство, но системот за образование е подготвен за три сценарија: првото е целосно отворање на училиштата, согласно протоколите здравствени, за сите одделенија и сите години. Тоа е најпосакуваното сценарио за сите нас. Другото е да имаме дел од учениците со физичко присуство, од прво до четврто одделение, останатите да одат онлајн. Имаме и трето сценарио кое укажува дека можеби во не толку критична состојба за целосно затворање, да имаме поделба во групи, една недела една група ученици, друга недела друга група. За сите три сценарија Министерството за образование и наука ќе биде подготвено од 1-ви септември, истакна Царовска.