Тренираше кошарка во деветтиот месец од бременоста и потоа со бебе во рацете освои злато– Јелена покажа како се сака својата репрезентација – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 10:43 AM

Тренираше кошарка во деветтиот месец од бременоста и потоа со бебе во рацете освои злато– Јелена покажа како се сака својата репрезентација

 

Женската кошаркарска репрезентација на Србија го освои златниот медал на Евробаскетот, а честа да го подигне шампионскиот пехар и припадна на капитенката Јелена Брукс.

Откако „лавиците„  се изнаплакаа додека ја пееја химната на подиумот во Валенсија, Јелена го зеде пехарот го подигна во рацете како награда за се она што го даде во репрезентацијата – целосно несебично како лекција за сите оние кои имаат изговори.

Јелена Брукс тренираше дури и во деветтиот месец на бременоста, го носеше синот, тогаш бебе од неколку месеци на подготоки на репрезентацијата затоа што не сакаше да ги остави соиграчките. А, тоа и се врати со нов златен медал на Еуробаскет.

„Тренираше во текот на бременоста, одмараше само во осмиот месец. Во деветтиот продолжи, затоа што знаеше дека само породувањето по природен пат беше знак дека ќе се врати брзо на теренот. Таа зацрта дека ќе игра на Евробаскетот„ откри нејзината мајка пред претходното Европско првенство.

Кошаркарките на Србија сега ги очекува настап на Олимписките игри во Токио, но пред тоа следи незаборавна забава на терасата на Општината во Белград.

 

 

Извор и фото: Mondo.rs