„Провокативни лица“, изложба на Филип Цветковиќ во рамките на „Скопско лето“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 9:59 AM

„Провокативни лица“, изложба на Филип Цветковиќ во рамките на „Скопско лето“

Вечерва во рамките на „Скопско лето“ ќе биде отворена фото изложбата „Провокативни лица”, со почеток во 20 часот,  во Изложбениот салон на Културно информативниот центар. Автор на театарските маски е Филип Цветковиќ од Србија.

-Не е тешко да се направи маска за одреден лик. Токму напротив. Лесно е. Секоја линија, секоја точка, бојата на лицето, треба да има свое значење и вкупниот изглед мора да има приказна, приказна зад која се крие личната порака на авторот. Така и јас ја најдов својата инспирација во елементите на претставите кои ги обработувам, како во секојдневните настани, која отворено и јасно потврдува дека борбата во животот е постојана, вели авторот.

Инспирацијата, која е неопходен и најпосакуван лајтмотив на создавањето, ќе ја усоврши, дотера и дополни нашата почетна идеја на визуелниот изглед на актерите и нивните маски и костими.

Традиционално обележје на секој актер е маската. Како таква таа има дирекно учество во самите ритуални обреди, кои имаат за цел повикување на дождот, оздравување на одреден член на фамилијата. Племињата со своите ритуални танци ги молат и вишите сили за добар улов, за благослов, за напредок. Секоја ритуална точка се изведува под маски и секоја од нив има одредено значење, но, една од нив е најважна – танцот на животот и смртта, кој е секојдневно застапен во денешниот живот.