Чешкиот претседател го поддржа Орбан: Трансродовите лица ми се одвратни, промената на полот е кривично дело – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/21 7:59 PM

Чешкиот претседател го поддржа Орбан: Трансродовите лица ми се одвратни, промената на полот е кривично дело

Чешкиот претседател Милош Земан во телевизиско интервју денеска, осврнувајќи се на унгарскиот закон со кој во училиштата се забрануваат содржини за кои се смета дека промовираат хомосексуалност и промена на полот, ги нарече трансродовите лица одвратни.

– Ако подлежите на операција за промена на полот, вие всушност извршувате кривично деоло самоповредување. Секоја операција е ризик и овие трансродови луѓе за мене се одвратни, рече Земан за „Си-Ен-Ен Прима“.

Унгарскиот закон инаку е остро критикуван од домашните опозициски партии, групите за заштита на човековите права, како и од земјите членки ЕУ. На самитот на ЕУ минатата недела, холандскиот премиер Марк Руте му порача на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ги почитува правата на ЛГБТ или да го напушти блокот.

Иако повеќе од половина земји членки на ЕУ се спротиставија на ваквиот закон, Чешка не го стори тоа. Претседателот Земан вели дека осудата значи мешање во внатрешните работи на една земја.

Иако чешките претседатели имаат ограничени извршни овластувања, сепак Земан и неговите претходници имаат силно влијание врз јавната дебата.

– Виктор Орбан вели дека не е против хомосексуалците туку против манипулација, не само на родителите туку и на децата во сексуалното образование. Не гледам причина да не се согласувам со него, бидејќи целосно ме нервираат суфражетите, движењето „MeToo“ и Парадата на гордоста, рече Земан.

 

извор:ројтерс