Џулијан Асанж ќе се жени во затвор – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/21 3:22 PM

Џулијан Асанж ќе се жени во затвор

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе се жени во затвор со својата вереница Стела Морис.
Ова го најави самата Морис во интервју за ДПА, истакнувајќи дека со Асанж биле верени од 2016 година.

Датумот на венчавката се уште не е утврден, бидејќи според неа тие минуваат низ потребните бирократски процедури. Треба да добијат дозвола од шефот на затворот Белмарш каде што тој се наоѓа и да го решат проблемот со истечената виза на Асанж, кој има австралиско државјанство. Покрај ова, ситуацијата дополнително била влошена поради пандемијата на коронавирусот.

Морис ги пренесла зборовите на затворскиот персонал, кој истакнал дека за 12 години работа на Белмарш, таму никогаш не се одржала свадбена церемонија.

Таа додала и дека доколку се венчаат, тогаш веднаш по ослободувањето на новинарот ќе договорат и друга прослава со семејството и пријателите.

Врската меѓу Асанж и Морис започна кога тој се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Во моментот двојката веќе има две деца, синови на возраст од две и четири години.

Во јануари лондонскиот суд одби да го ослободи Асанж со кауција, што значи дека тој ќе биде во затвор се додека не се разгледа жалбата на САД во случајот за екстрадиција.

 

извор:еурњуз.нет