Русија денеска пријавила најмногу смртни случаи од почетокот на годината како последица на коронавирусот.
Според официјалните податоци во последното деноноќие починале 619 лица, најмногу во еден ден од 24 декември, 2020 година.
Регистрирани се 21.665 новозаразени, што е за околу 1.300 повеќе од претходниот ден и повеќе од дупло во однос на први јуни, кога властите пријавиле 9.500 нови случаи.
Повеќе од третина од новозаразените се во Москва.
Во градот веќе од утре ќе бидат воведени нови ограничувања, a во рестораните ќе може да се влегува единствено со доказ за вакцинација или со приложен негативен тест на коронавирус.
Наглиот раст на новозаразени доведе и до ограничувања во некои региони. Властите на 18 руски региони прогласиле обавезна вакцинација за одредени делови на населението, како што се државната андминистрација, вработените во малопродажба, здравство, просвета и секторот за услуги.
Од почетокот на пандемијата, Русија има пријавено повеќе од 5,4 милиони заразени со коронавирус и повеќе од 132.000 починати.
извор:н1