Силна детонација одекнала ноќеска околу три часот по полноќ во Загреб. Непознат извршител најверојатно со експлозив разнел банкомат, по што со украдените пари побегнал во непознат правец.
Од загребската полиција велат дека дојава добиле околу три часот наутро, дека непознат сторител на улицата Гајнице, провалил во банкомат и украл пари.
Точниот износ на украдените пари се уште не е утврден, а ќе се знае откако банката ќе направи пресметка.
Во тек е полициска истрага на лице место. Се прибираат материјални докази околу банкоматот, а криминалистите се надеваат на надзорните камери за да го реконструираат бегството на сторителот и да дознаат дали бил сам.
– Се слушна страшна експлозија. Луѓето излегоа на прозорите и се распрашуваа дали некој нешто гледа. Никаде не гореше, не се слушнаа ниту чкрипења на гуми на автомобил, а ниту пак видовме некој да трча. Живеам во близина на пазарот и навистина се изненадив кога сабајлево видов полиција и демолиран банкомат, раскажува станарка за „Јутарњи лист“.
извор:јутарњилист.хр