Турската полиција искористи солзавец за да ја растера толпата што вчера се собра на парадата на гордоста во центарот на Истанбул, а притоа притвори и дел од учесниците поради учество на настан забранет од локалните власти.
На видеa објавени на социјалната мрежа твитер се гледа полиција во опрема за бунт како турка и влече луѓе кои мавтаат со знамиња на виножито, додека се собирале за настанот на споредната улица во близина на градската авенија Истиклал.
Дваесетина луѓе меѓу кои и фоторепортер биле притворени.
As the police attempted to grab a person's 🏳️🌈Rainbow Flag, "I will never let go of this flag."#dokuz8/@puleragema pic.twitter.com/YUzIxgIYid
— dokuz8NEWS (@dokuz8news) June 27, 2021
“nefes alamıyorum” @istanbulpride #Pride2021 pic.twitter.com/AuyU4yPx3M
— smfd (@khandabani) June 26, 2021
Турските власти во последните години ја забранија парадата на гордоста.
Турција инаку одамна е кандидат за влез во ЕУ, но „се мачи“ со години поради различни прашања, вклучувајќи и човековите права.
Во четвртокот мнозинството лидери на ЕУ, во заедничко писмо, ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата на ЛГБТИ заедницата. Ваквата реакција дојде откако унгарскиот парламент минатата недела го одобри нацрт законот со кој во училиштата се забранува дистрибуција на материјал за кој се смета дека промовира хомосексуалност или промена на полот.
извор:ројтерс