Бројот на починати по неодамнешното делумно уривање на станбена зграда во Мајами се искачи на пет лица, додека бројот на исчезнати постојано се зголемува и сега се трага по 156 лица, соопштија властите на сојузната држава Флорида.
Дел од 40 годишната дванаесеткатница се урна во четвртокот, а трагањето по исчезнатите беше отежнато во саботата поради пожарот кој изби во рушевините.
Меѓу исчезнатите има државјани и на Канада, Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Засега се уште не се познати причините за рушењето на зградата, но градските власти соопштија дека зградата според извештајот од 2018 година имала големи оштетувања на структурата и пукнатини во ѕидовите на подрумот.