-Доколку го поддржувате она што го правам, гласајте вечерва за број 14, вака момчето со прерасен глас Мите Стоилков ги повика фановите на сцијалните мрежи да го поддржат во финалето на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Мите е победник и во музичкото шоу на Пинк, па не би било чудно и вечерва да го понесе епитетот- најдобар!
Во шоуто вечерва е Марија Груевска, која со секој нејзин настап изненадува. Што ќе покаже вечер може само како сегмент да се види во видеото на продукцијата.
Балканот вечерва е на нозе. Секоја држава ќе гласа за својот фаворит. Македонија има двајца- Мите и Марија. И двајцата заслужуваат да бидат на врвот. А кој ќе биде одлучува публиката преку СМС пораки. Од нас зависи..