Меган се одрекла од својата титула – Се појави доказ кој ја шокираше јавноста – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/21 5:56 PM

Меган се одрекла од својата титула – Се појави доказ кој ја шокираше јавноста

Меган Маркл и принцот Хари неодамна добија ќерка на која и го дадоа името Лилибет Дајана, по нејзината прабаба Кралицата Елизабета и по покојната баба, принцезата Дајана.

Претходните денови странските медиуми пишуваа дека Меган остана без титула, што може да се види во изводот од матичната книга на родените на Лилибет Дајана Маунтбатен-Виндзор.

Покрај името на Хари сè уште стои титулата „Неговото кралско височество“, како и војводата од Сасекс, додека Меган се одрече од своите титули, па покрај името на нејзината мајка стои само Рејчел Маркл, што всушност и е нејзиното вистинско име.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_family_history)

На Меган и беше оставена титулата војвотка од Сасекс бидејќи тоа беше подарок од кралицата Елизабета Втора по повод венчавката.

Хари минатата година рече дека ќе се откаже од титулата откако ќе ги напушти кралските должности, но очигледно, тој сè уште не го сторил тоа.

За потсетување, според пишувањата на странски медиуми, вториот пораѓај на Маркл е многукратно поевтино од раѓањето од пред две години, кога Меган го роди наследникот Арчи. Според „Дејли меил“, болница во Калифорнија, природното породување наплаќа околу 11.000 евра, додека царскиот рез е двојно поскап и чини 23.000.

Извор: Република.рс