Рик Карлајл е минато за Маверикс. Џејсон Кид е тренерското име кое од денес ќе го замени тренерот со кого освои НБА титула во 2011 година како кошаркар.
Поранешниот плејмејкер потпиша четиригодишен договор со франшизата од Тексас и токму беше препорачан од Карлајл како негов наследник на клупата на Далас, пренесуваат американските медиуми.
За Кид ова е трет професионален ангажман како главен тренер во својата кариера. По епизодите со Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, сега четириесет и осумгодишниот стратег го презема Далас Маверикс во надеж дека екс-шампионите конечно ќе направат нешто повеќе од прва рунда во плеј-офот.
Џејсон Кид беше дел и од ланската шампионска сезона на Лос Анџелес Лејкерс. Таму како асистент на Френк Вогел во финалето на „корона“ кампањата 2019/20 ги порази Мајами Хит.
На Западниот брег во 1994 година, Џејсон Кид ја започнува кариерата во екипата на Далас Маверикс каде што е избран како втор пик на драфтот.
Фото:
Twitter / @BleacherReport