На Алјаска откриени нови докази за постоењето на диносауруси пред 70 милиони години – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 6:17 PM

На Алјаска откриени нови докази за постоењето на диносауруси пред 70 милиони години

Во американската држава Алјаска откриени се нови докази за постоењето на диносауруси пред милиони години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Истражувачи од Универзитетот во Алјаска открија остатоци од 7 младенчиња диносауруси за кои се смета дека живееле на северот на Алјаска пред околу 70 милиони години.

Пат Дракенмилер, еден од истражувачите, истакна дека откритијата се првите докази за гнезда на диносауруси пронајдени на Северот.

Дракенмилер исто така додаде дека откриените фосили на младенчињата диносауруси покажуваат дека тие младенчиња само што излегле од јајцата.

Посочувајќи дека новите откритија може да го променат досегашното знаење за диносаурусите, Дракенмилер рече:

„Ако таму снесле јајца, тие зимата ја поминале таму [на Алјаска]. Ако зимувале таму, тие требало да се приспособат на временските услови како што се ладно време и снег кои за нив се непознати.“

Се проценува дека диносаурусите живееле на Алјаска околу една година.

Во 2016 година, истражувачите претпоставуваа дека Алјаска можеби служела како „автопат“ помеѓу Северна Америка и Азија за диносаурусите пред 65-70 милиони години.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Курент бајолоџи“ (Current Biology).