(ВИДЕО)„Сè за љубов, сè за Партизан“: Жељко Обрадовиќ се врати во црно-белиот Белград – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 4:54 PM

(ВИДЕО)„Сè за љубов, сè за Партизан“: Жељко Обрадовиќ се врати во црно-белиот Белград

Триесет години откако со црно-белите од Белград ја покори кошаркарска Европа во финалето на Евролигата со Хувентуд, најтрофејниот тренер на „стариот континент“, Жељко Обрадовиќ, се враќа на кормилото на Партизан, соопштуваат од некогашниот европски првак.

Она што се шпекулираше со денови и воопшто не изгледаше како реалност, денес се овистини. Обрадовиќ потпиша тригодишен договор со Партизан, а според медиумите во Србија летото за белградскиот гигант допрва треба да започне во однос на ангажирање сериозни кошаркарски имиња за следната сезона.

-Среќни сме и задоволни што Жељко Обрадовиќ се врати. Мислам дека секој збор е сувишен, а истовремено не може да се опише што значи неговото враќање во Партизан. За повеќе детали ќе зборуваме на прес-конференцијата. Не чека голема работа, порача претседателот на клуб, Остоја Мијаиловиќ, кој на социјалните мрежи во текот на денот објавуваше фотографии со суптилни, или помалку суптилни пораки што го најавија огромниот камб-бек на популарниот Жоц.

Шеесет и едногодишниот Обрадовиќ кариерата ја започнува токму во Партизан како тренер-играч и во 1992, во неприродни околности ја освојува Европа. Потоа заминува една година во Хувентуд, за да премине во Реал Мадрид. Од Мадрид, Обрадовиќ професионалниот ангажман го продолжува во Италија, во екипите на Бенетон и Тревисо, пред да се пресели во Панатинаикос и да испише историја со грчкиот тим. Последниот тим кој веројатно најголемиот тренер во Европа го водеше е турски Фенербахче.

Во понеделник на 28.јуни, Партизан и официјално ќе го претстави Обрадовиќ пред јавноста и еуфоричните навивачи.

 

 

 

Фото:

Twitter

д.ј