Коски и кожа: Од 105 килограми, Ана Николиќ се преполови на 50 – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 1:25 PM

Коски и кожа: Од 105 килограми, Ана Николиќ се преполови на 50

Пејачката Ана Николиќ моментално ужива на одмор со својата ќерка Тара во луксузно летно одморалиште во Турција, од каде редовно објавува фотографии. Покрај пофалбите што ги добива секој ден на сметка на својот изглед, имаше и поединци кои негативно го коментираа изгледот на пејачката, нагласувајќи дека е премногу слаба.

Ана позираше покрај морето во костим за капење во леопард принт со наметка, а многумина ги коментираа нејзините нозе.

„Преслаба си, јади нешто“, „само коска и кожа“, „убава како и секогаш“, „можам само да ти завидат на изгледот“, „кралица и најубава“ … се само дел од коментарите .

Благодарение на операцијата за намалување на желудникот и тренинзите, таа ослабе речиси 50 килограми.

Пејачката еднаш, во една емисија, зборуваше за својата тежина и призна дека тежела 105 килограми:

“Јас ослабев со намалување на внесот на калории за седумдесет проценти, јадам сè, но во многу мали количини. Тренирам многу, речиси секој ден. Пијам апчиња за слабеење, тоа е единствениот начин и единствената вистина за моето слабеење. Пред се, одлука во главата, бидејќи долго ми требаше да одлучам. Кога се одлучив и пресеков, тогаш сè тргна на свој пат“.

Извор: Блиц.рс