Фатиме Фетаи лесно повредена во сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 9:54 AM

Фатиме Фетаи лесно повредена во сообраќајка

Медиумите утрово известуваат дека поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна синојка имала сообраќајна незгода во населбата Топанско Поле, а која е лесно повредена. Според некои медиуми Фетаи  со лесни повреди завршила во Градската болница „Св. Наум Охридски“, но потоа била пуштена дома.

Потврда за настанот има и од МВР.

-На 25.06.2021 околу полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат за МИА од МВР.

ММС се обиде да стапи во контакт со Фетаи но таа не одговара на нејзиниот телефон. Фетаи е недостапна на мобилниот и за нејзини блиски од кои се обидовме да дознаме нешто повеќе за здраствената состојба на поранешната обвинителка.