Додека не забележиме одржливи механизими за искоренување на изопачениот став на Република Северна Македонија кон Бугарија, почнувајќи од учебниците, музеите, спомениците, медиумите и државната политика, ние нема да кажеме „да“ за интеграции на земјата во Европската, изјави денес бугарскиот претседател, Румен Радев, пред почетокот на состанокот Европскиот совет во Брисел, пренесува бугарскиот портал „bgnes.bg“.
Тој додаде дека Бугарија во изминатите месец и половина се соочувала со огромен притисок од меѓународната заедница поради блокирањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Унијата и дека токму Бугарија била адресирана како главен виновник и пречка за евронтеграцијата на двете држави.
-Сакам да обрнам внимание на точката од дневниот ред која ја очекуваат сите европски лидери и институции и која успеавме да ја отстраниме од денешната програма. Ние за тоа имаме свои причини и историја. Во последните месец и половина Бугарија беше изложена на огромен притисок од европските партнери за да токму на денешниот Европски совет се даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Да не бидеме наивни. Ние сега успеавме само да ја одложиме таа точка од дневен ред, но и да го отфрлиме притисокот за одобрување на почетокот на преговори за членство на РСМ со рокови и календарски графи. Покажавме дека сме подготвени за дијалог и нема да дозволиме тоа да го промени медиумските притисок и разните лобирања, изјави Радев.
Претседателот на Бугарија е категоричен дека официјална Софија се придржува до Копенхашките критериуми за членство и не може да ја игнорира дискриминацијата на граѓани во Северна Македонија, само поради нивната самоопределба како Бугари.
Фото:
youtube.com