Без расизам: Дизни оди во нов правец, новата Снежана е Колумбијка – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 10:05 AM

Без расизам: Дизни оди во нов правец, новата Снежана е Колумбијка

Мајката на Рејчел е Колумбијка, нејзиниот татко Полјак и студиото Дизни, кои претходно добија бројни критики на сметка на фаворизирање на главните бели ликови, сега можат да здивнат. Оваа одлука, всушност, воодушеви многумина.

Продукцијата на филмот, во кој младата Рејчел Зеглер (20) ќе ја игра Снежана, треба да започне во 2022 година, објави Дизни.

Зеглер е ќерка на Колумбијка и Полјак, а претходно се истакна во музиката и го привлече вниманието на јавноста. Таа е родена во Њу Џерси, а режисерот на Снежана 46-годишниот Марк Веб, познат по режија на филмови за Спајдермен, беше импресиониран од нејзините вокални способности.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel zegler (@rachelzegler)

Изборот на актерка од мешана раса е уште една потврда за новиот правец на студијата на Дизни, кои претходно беа критикувани за фаворизирање на бели главни ликови. Оваа одлука на Дизни воодушеви многумина и предизвика бројни позитивни реакции.

Снежана е адаптација на бајка од браќата Грим, германски лингвисти, кои ја објавија првата верзија на приказната во 1812 година.

Извор: 24.сата.хр