(ВИДЕО) Две во едно: Актерот Жарко Димоски промовираше нова песна и прва книга! – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 9:40 AM

(ВИДЕО) Две во едно: Актерот Жарко Димоски промовираше нова песна и прва книга!

Пред неколку дена во еден познат скопски ресторан во присуство на своите најблиски пријатели, соработници и колеги, актерот и пејач Жарко Димоски направи двојна промоција. Станува збор за промоција на најнова песна со видеоспот насловена како „Танцувај со мене“, како и промоција на неговата прва книга „Пеперутка“.

Жарко пред присутните зборуваше за своите нови „чеда“, а исто така ги почести и со еден мини-концерт во кој сите уживаа. Инаку како автор на песната, односно на музиката и аранжманот се потпишува познатиот пејач Димитар Андоновски, а пак текстот е дело на Жарко и неговата сопруга Андреа, која исто така ја има главната улога во видеоспотот.

Она што е важно да се напомене е, дека „Пеперутка“ е првата книгата, стихозбирка на Жарко Димоски во издавништво на издавачкиот центар „Три“ и истата можете да ја најдете во сите книжарници на издавачкиот центар. Погледнете го спотот за „Танцувај со мене“: