Србија денеска со најтоплиот ден од јуни во последните сто години – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 8:38 AM

Србија денеска со најтоплиот ден од јуни во последните сто години

Метеорологот Недеjко Тодоровиќ очекува денес во Белград да биде урнат рекордот на најтопол ден во јуни од 1918 година, кога на 18 јуни беше измерена температура од 38 степени.

Тодоровиќ за РТС изјави дека температурата денес најверојатно нема да надмине 40 степени и дека на повеќето места ќе биде од 35 до 38 степени, максимум 39 степени.

„Ова е исклучително топло за месец јуни “, рече Тодоровиќ и додаде оти податоците покажуваат дека температурите пред сто години биле слични на денешните.

Убеден сум дека дневниот рекорд ќе биде соборен денес и дека 24 јуни сигурно ќе биде најтопол денес, бидејќи највисоката температура на овој ден беше 37,4 степени.

Тој најавува дека за викендот ќе бидат малку пониски температури, но дека во текот на летото може да се очекуваат уште еден или два бранови со толку високи температури и дека ова лето ќе биде потопло од вообичаеното.

 

tv 21