Владата одлучи: Повисока еколошка такса, 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 7:21 PM

Владата одлучи: Повисока еколошка такса, 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива

Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, информираат од владината прес-служба.

Предложените измени предвидуваат зголемување на еколошката такса, односно зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Како што велат од Владата, основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа” и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.

 

 

 

 

Фото:

Прес служба на Влада на РСМ