Тетовец телефонски барал пари од српски државјани за наводни сообраќајки во кои загинале нивни блиски – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 10:27 AM

Тетовец телефонски барал пари од српски државјани за наводни сообраќајки во кои загинале нивни блиски

Вчера околу 13.50 часот на ул.„Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода  Р.М.(44) од Тетово, поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик, за што денеска (23.06.2021) му е поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Тетово, информираат од МВР.

Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2210 евра. На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци.

Р.М. и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија. Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.