Актерот од „Пријатели“ објави дека има рак на простата во напредна фаза – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 1:24 PM

Актерот од „Пријатели“ објави дека има рак на простата во напредна фаза

Џејмс Мајкл Тајлер, најпознат по улогата на Гантер, работник во кафуле во серијата „Пријатели“, објави дека е во четврти стадиум од рак на простата.

Актерот (59), кој често привлекуваше внимание во комедијата што се случуваше во кафулето „Централ Перк“, ја опиша својата борба со ракот и апелираше до другите да одат на прегледи, во интервјуто што го даде за „Today“ кај водителот Крег Мелвин.

„Жал ми е што не дојдов да најавам дека ќе се снима филм за Пријатели“, рече Тајлер. „Тука сум да кажам дека во септември 2018 година, ми беше дијагностициран рак на простата, кој се прошири на коските“, рече тој.

Откако му се кршат коските и има тумори по должината на ‘рбетот, актерот повеќе не може да оди.

Минатиот месец, Тајлер се чувствуваше доволно добро за да може да се појави кратко на видео собирот на „Пријатели“ на HBO Max. На носталгичниот собир присуствуваа шест главни актери кои сите се свесни за неговата болест, рече Тајлер.

Сакајќи да им помогне на другите, Тајлер работи со Фондацијата за рак на простата за да ги едуцира луѓето за оваа болест и да ги охрабри да се тестираат. Бидејќи карциномот му бил откриен доцна, Тајлер вели дека „веројатно ќе го заврши“.

Во некој друг свет, „би одел порано на преглед и ракот веројатно ќе беше откриен порано“, рече тој.

„Следниот пат кога ќе одите на годишен систематски преглед, побарајте од вашиот лекар ПСА тест“, додаде тој. „Кога ќе се открие рано, ракот на простата се лекува во 99 проценти од случаите“, рече актерот.

„Не сакате да го поминете низ она што морав да го поминам во последните две и пол години“, рече Тајлер и додаде: „Го прифаќам ова. Знам дека ова ми се случи. Јас не седам тука и не плачам цело време. Ако сакате да живеете, тестирајте се“.

Извор: Rs.n1info.com