„Оди и не враќај се“ – Повеќе од 70 илјади луѓе потпишаа петиција на најбогатиот човек да му се забрани враќање на земјата – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 9:49 AM

„Оди и не враќај се“ – Повеќе од 70 илјади луѓе потпишаа петиција на најбогатиот човек да му се забрани враќање на земјата

Основачот на Амазон, Џеф Безос, неодамна објави дека тој и неговиот брат Марк и уште две лица ќе бидат лансирани во вселената со суборбитална ракета „New Shepard“. Она што тој не го очекуваше е дека луѓето ќе одговорат со петиција за забрана за враќање на Земјата.

Во средината на јули, најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, ќе се вивне низ вселената заедно со неговиот брат Марк и уште две лица. Тие ќе бидат однесени до работ на вселената со лет што ќе трае само 11 минути, со ракетата „New Shepard“, произведена од компанијата „Blue Origin“, која е во сопственост на Безос.

Безос сигурно не очекуваше дека десетици илјади луѓе ќе потпишат петиција со барање да му биде забрането да се враќа на Земјата откако ќе се искачи.

Петицијата има прилично недвосмислено име, „Не дозволувајте Џеф Безос да се врати на Земјата“, а неговата цел е да собере 75.000 потписи. Досега собрани се над 72.000 потписи, што всушност значи дека насочените 75.000 потписи веројатно ќе бидат достигнати до крајот на денот.

Во петицијата се вели дека „милијардерите не треба да постојат … ниту на Земјата ниту во вселената, но ако изберат простор, тогаш треба да останат таму“.

Извор: Zimo.dnevnik.hr