На Меѓународниот пливачки митинг “Белградски победник”,Миа Блажевска Еминова постави 3 нови рекорди на Македонија.
На 100м грбно постави нов апсолутен и младински рекорд со време од 1:04.41,додека на 100 метри слободно постави нов младински рекорд со време 57.13 секунди. Миа освои вкупно 741 ФИНА бод што ја прави најдобра пливачка во Македонија.
И Филип Дерковски со испливано 4:04:10 на 400 слободно и освоено 732 ФИНА бодови на европското првенсво во Будимпешта може да конкурира за место на Олимпијадата во Токио која ќе почне на 23 јули.