Љубовен пасош за Горан Пандев – Дац и Александар му доделија патна исправа на најдобриот македонски фудбалер – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/21 10:48 AM

Љубовен пасош за Горан Пандев – Дац и Александар му доделија патна исправа на најдобриот македонски фудбалер

Актерот Драган Спасов Дац и музичарот Александар Митевски му доделија специјален Љубовен пасош (Love Passport) на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев кој денес ќе го одигра последниот меч во дресот на Македонија.

Нашиот ЉУБОВЕН ПАСОШ ( Love Passport ) денес го добива нашата фудбалска легенда ГРАНДЕ Горан Пандев.   Таква исправа добиваат луѓе кои шират љубов и позитива, влеваат надеж, сплотуваат и обединуваат, покажуваат лидерство и се наши амбасадори насекаде , со своите дела.

Мајсторе, денес ти посакуваме убав натпревар (најверојатно последен во репрезентативниот дрес), а ние ќе те бодриме засекогаш и ти благодариме од срце“.

Двајцата ветија дека ќе му го врачат во првата прилика кога ќе се најдат “под кулите на Струмица“.

 

Фото: Facebook