Опра Винфри (67) реши да ги запре гласините за кумството на ќерката на принцот Хари (36) и Меган Маркл (39), малата Лилибет.
Во едно неодамнешно интервју, таа објасни дека е премногу стара за улогата на кума.
„Јас сум само соседка и пријателка, верувам дека ќе земат некој помлад за таа улога“, објаснила Опра, која е во добри односи со двојката од 2018 година, кога доби покана за нивната кралска венчавка.
За време на интервјуто, таа открила дека навистина и се допаѓа избраното име за девојчето и дека ќе им испрати специјален подарок на гордите родители за Денот на таткото.
Извор: Стил.курир.рс