Планинари од друштвото „Голачка Срна” реализираа Духовденско планинарско дружење – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/21 6:50 PM

Планинари од друштвото „Голачка Срна” реализираа Духовденско планинарско дружење

По повод празникот Духовден, членовите на Планинарско друштво „Голачка Срна” од Делчево реализираа планинараки марш до т.н. Габровски кории. Маршрутата, како што информираа од друштвото, е околу 13 километри, а сите учесници на планинарскиот марш без проблеми ја поминале патеката.

-Денеска, на огромно задоволство на сите планинари – учесници на маршот до Габровските кории, во близина на Македонско-бугарската граница, беше реализирано Духовденското планинарско дружење. Дружењето помина во пријатна атмосфера, а враќањето беше низ селото Габрово, информираа од ПД ,,Голачка Срна”.

Наредното планинарско дружење, како што додадоа членовите од ПД „Голачка срна” е закажано за идната недела.

Следната маршрута ќе има за цел посета на акумулационото езеро „Сандански” во атарот на село Чифлик. По тој повод ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат, додадоа од ,,Голачка Срна”.

Целта на неделните дружби, како што додадоа од делчевското планинарско друштво, е пензионерите кои се и најбројни членови, да го задржат активниот живот и во пензионерските години.

МИА