Каратистката Пулексенија Јованоска со вајлд-карта ќе настапи на Олимписките игри – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/21 4:45 PM

Каратистката Пулексенија Јованоска со вајлд-карта ќе настапи на Олимписките игри

Македонската каратистка Пулексенија Јованоска ќе настапи на претстојните Летни олимписки игри со валјд-карта. Јованоска доби вајлд-карта од Меѓународниот олимписки комитет за настап на Игрите во Токио кои ќе се одржуваат од 23 јули.

Таа е седмиот спортист кој ќе настапи под македонското знаме на Олимписките игри, соопшти Македонскиот олимписки комитрет.

Каратистката Јованоска, која во 2019 беше избрана за спортист на годината, на Игрите во Токио ќе настапи во дисциплината кати.

фото: Карате федерација на Македонија