Во ТИРЗ зоните се’ уште има компании кои плаќаат ниски плати, меѓутоа, растат. Просечната плата во овие компании е 26.500 денари во 2020 година и бележи раст во однос на 2019-тата. Ова во емисијата Стадион го кажа директорот на ТИРЗ зоните, Јован Деспотовски, кој рече дека во контактот со инвеститорите не е е повеќе пораката „Македонија земја на евтина работна сила.
Со пораката за платите не кажавме дека сме противници на инвеститорите, меѓутоа самаке да се договирме како тие плати треба да раснат. Новите инвеститори препознаа дека инсистираме на платата. Просечната плата во овие компании е 400-450 нето. За оваа плата зборуваме. Ако им кажете што ви е важно и ако се чесни, повеќето се тоа, да, тие дошле да направат профит, но не на штета на државата. Клучно е дали ви е важно да се сликате или сакате да направите нешто важно за државата, изјави Деспотовски.
Компаниите во слободните индустриски зони учествуваат со 47% во извозот, обем на економска размена во 2020 година е 3,4 милијарди евра. Најголемиот обем е забележан во 2019 – 3,7 милијари евра. Оваа година во првиот квартал имаме 84% раст во однос на истиот период лани и според Деспотовски,оваа година сигурно ќе заврши со 4 милијарди евра. И покрј пандемијата, во ТИРЗ-овите работат 14.000 вработени, со стабилни работни места.