Проблеми со менталното здравје? – Полиција и брза помош во домот на холивудскиот актер – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 6:37 PM

Проблеми со менталното здравје? – Полиција и брза помош во домот на холивудскиот актер

Тој се обиде да ја заведе својата 20-годишна помлада сопруга со клише изјавата „ќе бидам татко на твоите деца“ и на крајот успеа. Актерот Мајкл Даглас (76) и актерката Кетрин Зета-Џонс, веќе некое време имаат проблеми во бракот, пишуваат бројни таблоиди. Сепак, овој холивудски пар сè уште трае, додека на површина излегуваат некои нови детали за нивниот живот.

За жал, се чини дека обожавателите со причина беа загрижени за неговото здравје, а сега уште повеќе се плашат. Полицијата и брзата помош интервенирале во домот на славната двојка, откри магазинот „Ин тач“.

„Луѓето внатре во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл, бидејќи тој се однесуваше чудно и мислеа дека му треба медицинска помош“, изјави неименуван извор.

Блиски извори за ова списание открија дека тој не бил добар по прашање на менталната состојба, но медиумите не добиле детали за тоа што точно се случило, иако се шпекулира дека карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусите лошо се одразил на нивниот брак.

За неговата состојба се зборуваше неодамна, кога пријателите станаа загрижени за можно враќање на алкохолот, а своевремено се бореше и со рак на грлото.

Извор: Србијаданас