Првиот совет што го добиваме кога одиме на диета е да јадеме што повеќе зеленчук, но тоа не е секогаш добра одлука. Имено, научниците од Харвард утврдиле дека одредени сорти зеленчук можат да придонесат за добивање на килограми плус.
Во истражувањето, кое траело 20 години, учествувале 130.000 луѓе, а научниците ги следеле нивните навики во исхраната, како и храната што ја консумирале.
Тие со голема сигурност потврдија дека зеленчукот кој најмногу дебелее, е пченка, компир и грашок.
Пченката се покажа како најлоша со 0,9 килограми повеќе во текот на две години од зголемувањето на порцијата на овој зеленчук. Причината за тоа е високиот гликемиски индекс, интензивно зголемување на шеќерот во крвта после консумирањето, што го зголемува чувството на глад.
Интересно е што, луѓето кои јаделе зеленчук богат со растителни влакна, како грав, по некое време изгубиле тежина.
Извор: Информер.рс