Во трејдот помеѓу Бостон и Оклахома, Кемба Вокер завршува во Тандерс – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 3:44 PM

Во трејдот помеѓу Бостон и Оклахома, Кемба Вокер завршува во Тандерс

Две години откако Кемба Вокер фамозно беше најавен како директна замена за Кајри Ирвинг, кој го напушти Бостон за Бруклин, поранешниот плејмејкер на Шарлот ќе мора повторно „да го пакува куферот“.

Како што наведува „ESPN“, Бостон Селтикс го трејда Кемба Вокер, шеснаесеттиот пик на овогодинешниот драфт и пик на драфтот од втората рунда во 2025 година, а за возврат го добива повратникот Ал Хорфорд, Мосес Браун и пик од втората рунда на НБА драфтот од 2023 година.

Неуспешната сезона ги натера челниците на Селтикси да го отпуштат тренерот Бред Стивенс и да започнат одново со изградба на тимот околу суперстарот Џејсон Татум. Колатерната штета на оваа обнова е токму Кемба Вокер, кој не успеа да ги исполни очекувањата на сите и покрај добриот старт на кариерата во „TD Garden“.

Со Вокер во тимот, младиот Алексеј Покушевски, Тео Маледон и потенцијалното доаѓање на МВП-то на Евролигата, Василије Мициќ, Оклахома би можела во перспектива да направи сериозно добар тим кој би ги „помрсил сметките“ на големците, првенствено во Западната конференција.

 

 

 

 

Фото:

celticsblog.com