Десетте најголеми македонски дистрибутери лани заработиле 340 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 9:53 AM

Десетте најголеми македонски дистрибутери лани заработиле 340 милиони евра

Кои се најголемите компании кои се грижат бројни прехранбени производи, пијалоци и цигари да бидат на дофат на рака секому од нас на рафт во најблиската продавница? Како тие се справија со корона кризата? Кои се луѓето што стануваат многу порано од сите нас, прават нарачки на стока, организираат увоз, царинење, логистика и транспорт на стоките ширум земјава до бројни магацини и продавници? Се со цел секој од нас да пружи рака и да го земе омилениот продукт од рафтот во најблиската продавница. Голем бизнис кој бара многу посветеност.

Короната остави мало негативно влијание врз индустријата на дистрибутери на стоки за широка потрошувачка. Резултатите во минатата година покажуваат дека најголемите македонски компании за дистрибуција за стоки за широка потрошувачка особено за храна, пијалоци и тутунски производи лани во втората половина од годината успеале да го надоместат карантин-периодот кој на исте ни зема речиси три месеци.

Најголемите десет компании, според остварените приходи, лани агрегатно одработиле приход поголем од 340 милиони евра. Од нив осум компании успеале да завршат со добивка, а две работеле со загуба. На листата подолу се десет реномирани и етаблирани компании кои на нашиот пазар тргуваат повеќе од две децении:

Фактор