Пронајдени 100 стебла канабис сатива во тетовско – Притвор за тројца скопјани – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 8:43 PM

Пронајдени 100 стебла канабис сатива во тетовско – Притвор за тројца скопјани

По вчерашното приведување на три лица на локација во тетовско Нераште на која се најдени и 100 стебла канабис сатива, денеска судија во претходна постапка им одреди мерка притвор.

Полицијата вчера околу 18 часот ги приведе А.Ш. (24),Р.К.(30) и И.Т. (26),тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале „канабис сатива”

-По вчерашното приведување тројцата се задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот. Потоа е поднесена кривична пријава до Обвнителството согласно член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Потоа судија во претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 денови, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По одредување на мерката притвор тројцата се пренесени во КПУ Затвор Скопје.

МИА