Неодамна уште една жена донор на срце и бубрези спаси три човечки животи. Се работи за 40-годишната Јасмина Василковска, која за жал не успеала да го преживее мозочниот удар. Јасмина зад себе остави, тогаш 10-месечно бебе. Министерот Венко Филипче се сретна со семејството на Јасмина, им вети поддршка и дека секогаш ќе биде тука кога ќе треба да им се помогне.
Денеска семејството на Јасмина Василковска го поканила министерот Филипче на роденденот на ќеркичката на Јасмина, Лара, која првиот роденден го прослави без мама.
„Среќен роденден Лара Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.
Моника П.Насковска